Инспектори затворија угостителски објект во Врапчиште
Затворен e угостителски објект во Врапчиште, затоа што работел и по 21 часот.
Вчера во 23,00 часот во СВР Тетово е пријавено дека угостителски објект во с.Врапчиште сопственост на И.З(38) од с. Врапчиште е затекнат отворен.
Во објектот се наоѓале И.З. со неговиот малолетен син и М.М.(52), И.Џ.(52), Д.С.(49) и А.И.(35) сите од с.Врапчиште.
Тие постапиле спротивно на здравствени прописи за време на епидемија.
Инспектор од Државниот пазарен инспекторат извршил увид и објектот е затворен со налепница. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.
Слично
