Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНСПЕКТОРИ ВЛЕГЛЕ НА НАСТАНОТ КОЈ ГО ОРГАНИЗИРАЛЕ БОКИ 13 И ЛАЗАРОВ: Што запленија?

ИНСПЕКТОРИ ВЛЕГЛЕ НА НАСТАНОТ КОЈ ГО ОРГАНИЗИРАЛЕ БОКИ 13 И ЛАЗАРОВ: Што запленија?

Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) вечерва влегле на настанот во локал во Штип организиран од Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Стефан Лазаров поради организирање на наградна игра без дозвола, објави Радио Лидер.

Билети за наградната игра, договори за деловна соработка, документација и кеш пари запленила Управата за јавни приходи вечерва во локалот во Шрип во кој Боки 13 и Стефан Лазаров незаконски организираат наградна игра.

Двајцата во неколку наврати за време на настанот од бината соопштија дека не станува збор за наградна игра, но, самото извлекување на добитници на награда и самото тоа што се купуваат билети за настанот, во согласност со законот јасно дефинира дека станува збор за наградна игра. За приредување на ваква наградна игра, Боки и Лазаров немаат дозвола од Министерството за финансии.

Деновиве беше соопштено дека Боки 13 има инвалидитет и дека во затворот нема услови за терапија. Тој е осуден во случајот „Рекет“. 

Слично

Поврзани вести