Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекторатот за локална самоуправа за три дена ќе одлучи за „Северна Македонија“ во Штип

Инспекторатот за локална самоуправа за три дена ќе одлучи за „Северна Македонија“ во Штип

Рахим Муслимовиќ, инспекторот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, денеска во Штип изјави дека за три дена ќе биде донесена одлука за случајот со кој опозициското мнозинство го превзеде Советот на општината, давајќи свечени изјави без применување на уставното име.

Инспекторатот рече дека се сретнал со новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, претседателката на Советот, Весна Карагунова-Кожинкова, и со членот на Советот, Душко Иванов.

- Ги анализиравме сите моменти, останува на инспекторите по добивањето на бараната документација, во рок од три дена да изградиме наш став и ќе бидат информирани градоначалникот и претседателот на Советот за понатамошните чекори и наодите од инспекцискиот надзор, рече Муслимовиќ.

Тој додаде дека ако во Статутот на општината е променето уставното име, тогаш истото треба да се применува во секојдневната работа на локалната самоуправа.

- Да, нашите информации кажуваат дека со самите измени и дополнување на статутите и во печатите стои Република Северна Македонија, и ова е регулирано во Статутите. Ќе го побараме Статутот и деловникот за работа и ќе видиме како се направени тие измени во Штип, наведе Муслимовиќ.

Тој додаде дека крајна санкција би било носење на решенија за запирање на работата на општината, но прво би имало укажување на кршењето на прописите. Муслимовиќ додаде дека инспекторите од Штип ќе заминат во Аеродром, а и дека постојат информации дека уставното име не се применувало и во Кисела Вода.


Слично

Поврзани вести