Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекторатот со засилени контроли, не движете низ шумски предели за да не добиете „солена“ глоба

Инспекторатот со засилени контроли, не движете низ шумски предели за да не добиете „солена“ глоба

Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува палењето стрништа или оган на отворен простор што предизвикуваат пожари, и воедно упатува апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари.

Во соопштение потенцираат дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење стрништа, ќе подлежат на законски санкции.

Воедно, од страна на Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесени се осум кривични пријави за сторени осум кривични  дела „предизвикување на општа опасност“ против осум сторители.

Државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство врши постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.

ладата на Република Северна Македонија упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации што се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.

Поради појавата на шумски пожари од 29-ти овој месец се воведе забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната ќе трае до нејзино отповикување. Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл).

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Слично

Поврзани вести