Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИНСПЕКТОРАТОТ НА КАРПОШ УДРИ ПО НЕЗАКОНСКОТО ГРАДЕЊЕ“: Јакимовски се пофали

„ИНСПЕКТОРАТОТ НА КАРПОШ УДРИ ПО НЕЗАКОНСКОТО ГРАДЕЊЕ“: Јакимовски се пофали

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, на социјалните мрежи се пофали дека инспекторатот на Карпош удрил по незаконското работење со тоа што изрекувал казни, опомени а извршиле над 50 контроли.
„Без компромис со дивоградбите!

Инспекторатот на Карпош удри по незаконското градење!

50 градби проверени – 26 казни и 17 опомени!

Општина Карпош решително продолжува со засилен надзор на сите градилишта на своја територија. Само минатата недела, градежниот и комуналниот инспектор, заедно со комуналните редари, извршија над 50 контроли и изрекоа:

• 26 казни

• 17 опомени

• Корекција на недостатоци на лице место

Изречените казни се движат од 300 до 3.000 евра, и се однесуваат и на правни субјекти и на одговорни лица.

Дополнително, комуналните редари изрекоа:

• 12 казни по 40 евра

• 12 опомени, со најавена строга инспекциска постапка доколку не се постапи навремено.

Апел до сите инвеститори и изведувачи:

Градете одговорно!

Почитувајте ги прописите и заштитете ја околината.

Карпош нема да толерира прекршувања!“, напиша тој на фејсбук.



Слично

Поврзани вести