Инспекторатот досега не напишал ниту една казна за неупотреба на албанскиот јазик
Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците на РСМ, Фатмир Исени, во денешното интервју за Алсат ТВ рече дека иако оваа институција работи веќе три години и има направено стотина контроли, досега нема спроведено ниту една казна за непримена на албанскиот јазик.
Причината што често ја добиваат инспекторите е тоа што нема вработени преведувачи во институциите. Исени вели дека институциите добиваат забелешки и констатирано е дека по овие забелешки ги отстрануваат недостатоците. Но, во наредните месеци Исени рече дека ќе има повеќе контролни инспекции по што ќе може да се изречат првите парични казни за институциите кои не го почитуваат законот. Казните се движат од 4 до 5 илјади евра за институцијата и 30 отсто од нив за раководителот на институцијата.
Од површен увид, албанскиот воопшто не се почитува на веб-страницата на Уставниот суд, општина Гази Баба, Кривичниот суд, додека на почетокот на минатата година добиле известувања институции како Министерството за образование и наука, Министерството за земјоделство, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за локална самоуправа, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Водовод и канализација, Агенција за млади и спорт и Управа за водење матични книги.
