Инспектор во Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во дворот на станицата
Инспектор за јавен ред и превенција од Македонска Каменица предизвикал пожар во полициското одделение откако запалил службени документи во старо метално буре во дворот на станицата. Инцидентот се случил на 27 август годинава.
Oгнот се проширил од бурето и ја зафатил сувата трева во близина, а потоа се приближил до објектот на полициската станица. Благодарение на брзата реакција на присутните, пожарот бил изгаснат навреме и избегната е поголема штета.
Полицијата поднесе кривична пријава против инспекторот Д.С. поради сомнение за „предизвикување на општа опасност“. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди најави дека против него ќе биде поведена постапка за утврдување на одговорност и дисциплински мерки.
фото МВР
