Инспектор украл златен накит од куќа
Ж.И. главен инспектор во Секторот за внатрешни работи Скопје, доби кривична пријава поради постоење на основани сомневања дека за време на увид при тешка кражба во куќа, украл златен накит.
По налог на Основното јавно обвинителство во Скопје Ж.И. е приведен и е во надлежност на обвинителството за понатамошна постапка.
МВР против инспекторот поведе дисциплинска постапка и тој е суспендиран од работа.
Слично
