Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекција ќе проверува во аптеките дали има поскапувања

Инспекција ќе проверува во аптеките дали има поскапувања

Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства да преземат мерки доколку утврдат дека има неосновано покачување на цените и злоупотреба на залихите на заштитните средства за спречување на пренесување на вирусот во аптеките.

Владата на Република Северна Македонија ја поздравува одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.

Владата ги охрабрува сите останати, како и сите граѓани, да ја почитуваат препораката и со тоа да покажат одговорност и да дадат придонес за спречување на ширењето на корона вирусот.

„Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за спречување на пренесувањето на вирусот во аптеките, и доколку се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања“ се вели во соопштението што го упати претпладнево Владата на РСМ.

Од таму додаваат дека сите мерки што досега биле превземени ги постигнале очекуваните резултати, и дека превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот, се остваруваат целосно.

Слично

Поврзани вести