Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекции ќе проверуваат, дадилката ќе одговара - но кој ќе ги штити децата

Инспекции ќе проверуваат, дадилката ќе одговара - но кој ќе ги штити децата

Преку вонреден инспекциски надзор, Министерството за труд и социјала ќе проверува дали има пропусти кај Агенцијата, преку која била ангажирана дадилката, која завчера беше снимена на камефра како насилно се однесува кон двегодишно дете кое и било доверено на чување. Од Министерството за труд и социјала изјавиле дека инспекцискиот надзор се прави со цел да се утврди дали Агенцијата ја почитувала Законската регулатива при ангажирање на дадилката.

А јавноста уште е во шок од насилната сцена со негователката. Уште не се познати мотивите зошто оваа жена така грубо да се однесувала кон детето што и било доверено на чување.

За овој случај се дозна откако кафулето каде што се наоѓа игротеката ја објави скандалозната снимка. Двегодишното детенце има видливи повреди на лицето и вратот, што се гледа од фотографија која ја објави роднина на детенцето, а на која се гледаат модринки и гребнатини.

А негователката веќе една година претходно го чувала детенцето. 

Министерката за труд и социјала смета дека ваквото насилство кај децата на таа возраст понатаму може да предизвика губење на нивниот потенцијал но и да се стекнат со одредено насилно однесување. 

Македонската асоцијација на дадилки го осудила бруталното насилство и понудија стручна помош на родителите. 

Дадилката ќе одговара за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“, за кое е предвидена затворска казна од една до 10 години.

Порталот А1он објави фотографии како 59 годишната дадилка, која за 500 евра ги чувала децата, е спроведена во истражниот затвор во Шутка, откако и бил одреден 30 дневен притвор.


Слично

Поврзани вести