„Иново брокер“ привременo суспендиран од работа на берзата
Брокерската куќа „Иново брокер“ доби забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во траење од 30 дена, одлучи Комисијата за хартии од вредност.
Решението вчера било доставено до Македонската берза, каде од денеска започнува да тече 30-дневната суспензија за оваа брокерска куќа. Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Иново брокер АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната, информираат од Македонската берза.
Не се наведуваат подетални причини за суспензијата.
Слично
