Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иницијативниот одбор смета дека еуфоријата на Мицкоски по одложувањето на вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен

Иницијативниот одбор смета дека еуфоријата на Мицкоски по одложувањето на вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен

Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ги коментира реакциите во матичната партија откако донесе одлука да го одложи закажаниот конгрес на крајот на март, поради, како што рекоа оттаму, пандемијата со ковид во земјава. 

„Еуфоријата на се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за одложувањето на вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен и колку го интересира само сопствената функција.

Според нив, Христијан Мицкоски успеал да ги загуби изборите во Ново Село и покрај тоа што градоначалникот познат како Боро-Малборо бил фатен во шверц на цигари.
„Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и локалните избори во Охрид, иако дури и Гордана Силјановска таму победи. Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и претседателските и парламентарните избори во 2019 и 2020 година. Христијан Мицкоски избега од изборно соочување во Штип и избега од заземање на став по однос на референдумот. Мицкоски овие четири години стана синоним за пораз.Очекувано е човек кој доживеал целосен дебакл да се радува само затоа што се одложило неговото заминување од функцијата“, се вели во реакцијата од Иницијативниот одбор.

Мицкоски, според нив, е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови, додека останатите членови се соочуваат со драконски казни.
„Нема член на СДСМ кој не смета дека „Мицкоски треба да си го пазат како очи во глава“ и дека тој е омилениот спаринг партнер кој си го нокаутираат по договор“, велат од Иницијативниот одбор.

Слично

Поврзани вести