ИНИЦИЈАТИВИ ДО УСТАВЕН: Oспорени измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи и Законот за извршување, барање има и од Душица Мрѓа
Од Уставен суд информираат дека на дневен ред на седницата закажана за 10.01.2023 (утре) се предметите со кои се оспорени Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, како и барањето за слободи и права од страна на новинарката Душица Мрѓа, за настаните од 27 април 2017 година.
Oспорен: - Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023), во целина и посебно членовите 1, 2, 3, 4 и 5, - член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023). Подносители на иницијативите: - Владо Костовски, адвокат од Охрид, -Вангел Баракоски, адвокат од Охрид, -Никола Источки, адвокат од Ресен, -Петар Баришиќ од Скопје, - Адвокатска комора на Република Северна Македонија, - Комора на извршители на Република Северна Македонија, - ЕВН Македонија, Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, - Ѓорѓи Андов од Куманово, -ЕВН Македонија, Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ – Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија, -Синиша Станковиќ, адвокат од Скопје, - Македонска банкарска асоцијација-Скопје, - Трајче Торов, адвокат од Штип, - Љупцо Наумоски од Охрид, и -Друштво за производство, инженеринг и трговија „Хидротерма“- Дооел, увоз-извоз Куманово. Oд наводите во иницијативите: Во иницијативите меѓудругото се оспорува член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи од причини што подносителите сметаат дека со наведените измени на Законот се ставаат во нееднаква положба странките во облигационите односи, односно се врши дискриминација на доверителите како учесници во извршната постапка, а должниците се ставаат во привилигирана состојба, со што директно се повредува член 9 , член 51 и член 52 став 4 од Уставот. Подносителите наведуваат дека од анализата на член 2 став 3 од Законот произлегува дека по изминувањето на периодот од 10 години како апсолутен рок на застареност, сметано од денот на поднесувањето на барањето за извршување, се гасат правата на доверителите за наплата на нивните побарувања во целост и со тоа должниците целосно се ослободени од секаква обврска што ја имаат спрема доверителите, така што ваквото законско решение има негативно влијание во однос на еднаквоста на страните во облигациониот однос. Според наводите во иницијативата, тоа значи дека сите постапки за извршување кои се во тек по поднесени барања за извршувања на доверителите до 20.07.2023 година со стапување во сила на овој закон се веќе застарени, а постапките по овие предмети треба да бидат запрени и сите трошоци направени во извршната постапка ќе паднат на товар на доверителите. Се наведува дека со ваквата одредба се дозволува ретроактивно важење на Законот, иако истиот е понеповолен за граѓаните, странките во извршната постапка се ставаат во нееднаква положба, се нарушува принципот на правната сигурност. 2. Реферат У.бр.11/2023 Оспорени: Пресуда П4-696/21 од 12.11.2021 на Основниот граѓански суд и Пресуда ГЖ-691/22 од 24.11.2022 година од Апелациониот суд Скопје Подносителка на барањето: Душица Мрѓа Од наводите во барањето: Подносителката смета дека двата суда и го повредиле правото на слобода на изразување пропуштајќи ја можноста во пресудите да утврдат дека како новинарка на 27 април 2017 година државата прво не ја гарантирала нејзината безбедност при извршување на работните задачи во Собранието на Република Северна Македонија и била оневозможена да известува слободно за настаните кои се одвивале таму. За подносителката е спорно што во пресудата Апелациониот суд прифатил дека не била доведена во прашање слободата на изразување за настаните, бидејќи таа слобода ја реализирала во дебатни емисии во наредните денови, но не е разјаснето дали таа имала можност да ја реалзира слободата критичниот ден. Во барањето се спори наведеното од пресудите а тоа е дека нема повреда на правото на слободата на изразување бидејќи терористички акти се забранети на секое место во државата, вклучително и Собранието, па така можело да се случи и на улица или било каде, а државата е должна да се справи со истите и пред се да ги заштити граѓаните од смрт, повредување и оштетување или уништување на имот и фактот што во Собранието влегле лица кои не требало да се таму, според судот не ги дерогира законите, ниту значи дека на тужителката и било оневозможено слободното изразување.
