ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР: На Мицкоски му посакуваме брзо закрепнување и здрав и прав да даде отчет на конгресот
Од Иницијативниот одбор за организирање на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски му посакуваат што побрзо да закрепне од болеста Ковид 19.
„Вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово. Во однос на било какви партиски ставови не би сакале да коментираме затоа што нашата цел е исклучиво успешна организација на наредниот конгрес и сплотување на партиското членство. Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години“, изјавил Коневски.
Слично
