Иницијативата за заедничка Македонија попладне на мирен марш
Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија во 17 часот ќе почне мирен марш.
Тие ќе тргнат од пред владата на Република Македонија, и преку рекорд ќе се движат до Собранието на Република Македонија.
„Ги повикуваме истовремено сите учесници да се приклучат на мирен, достоинствен неисклучувачки начин и ова е повик до сите граѓани на Република Македонија да ја искажат својата тивка демократска волја. Добредојдени се сите да се приклучат и нека ги почитуваат правила кои ги поставивме како групација, а тоа е да нема истакнување на политички и верски симболи, да нема паролирање со навредливи и шовинистички извици“ - велат од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија.
Тие бараат решение на политичката криза.
Слично
