Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иницијативата „Јас барам / Ние бараме“ испорача барања за враќање на правиот пат

Иницијативата „Јас барам / Ние бараме“ испорача барања за враќање на правиот пат

Иницијативата „Јас барам / Ние бараме“, која е поддржана од 111 граѓани, денеска изрази загриженост ситуацијата во која што се наоѓа Македонија и воедно даде поддршка за изборот на новиот спикер, Талат Џафери.

Тие на прес-конференција ги презентираа своите барања кои, според нив ќе осигураат одговорност и ќе значат заземање на граѓанскиот глас со цел Македонија да се врати на правиот пат. 

Иницијативата бара формирање на нова влада во најкус можен рок, департизација и враќање на функционалноста на институциите во државата како сервис на граѓаните, итно расчистување на настаните во Собранието од 27 април и одговорност за сите инволвирани согласно нивните дела и акции. Понатаму, од иницијативата бараат продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, институциите и партиските лидери да изразат цврсти уверувања дека во Македонија говорот на омраза и криминалот од омраза нема да се толерираат и сите еднакво ќе одговараат пред законот, запирање на политичкиот прогон од страна на институциите на граѓанските организации, да се овозможи на медиумите да ги информираат граѓаните објективно без да се соочуваат со притисоци и насилство.

Слично

Поврзани вести