Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иницијатива на професорката Василевска - Сите да додадат Македонски на презимето

Иницијатива на професорката Василевска - Сите да додадат Македонски на презимето

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Иванка Василевска упати повик до сите да го променат своето презиме во Македонски/Македонска или пак ова да го додадат на своето презиме. Нејзиниот предлог доаѓа во екот на се понеизвесна состојба околу преговорите за разликите околу името меѓу Македонија и Грција.

„Непристојни предлози бараат пристоен одговор. Ајде сите да одиме во МВР и на нашето презиме да го додадеме презимето Македонска/ски. Ајде да видиме како функционира ефектот на пеперутката и како ќе не преименат кога ние сите заедно како индивидуи ќе си го ставиме името и ќе си го браниме идентитетот. Ве повикувам сите да одвоите од своето време и да го спасите своето достоинство!

Засега идејата зема замав, но само на социјалните мрежи и многумина веќе на своите профили го додаваат презимето Македонски/Македонска.

Слично

Поврзани вести