Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иницијатива до Уставен за рокот за личните документи

Иницијатива до Уставен за рокот за личните документи

ВМРО-ДПМНЕ денеска  ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за ставање вон сила на Законот за промена на личните документи, каде стои дека рокот за обновување со новото уставно име е до 13 февруари.

Од опозициската партија бараат Уставен веднаш да свика седница и да ја стави вон сила законската уредба со која старите лични документи престануваат да важат на средината на идниот месец.

Ваквата иницијатива следува откако стана јасно дека до следниот месец е невозможно сите граѓани да ги променат личните документи и да извадат нови со новото уставно име.

Освен долги колони и часови чекање за фотографирање, големи гужви има и за самото подигнување на пасошите и личните карти пред шалтерите на МВР.


Слично

Поврзани вести