Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфраструктурни инвестиции и ДУП во Сопиште ветија Богдановски и Стојановски

Инфраструктурни инвестиции и ДУП во Сопиште ветија Богдановски и Стојановски

Домаќинско и транспарентно работење, инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри животот во општина Сопиште ќе бидат приоритет на новата локална власт, порачаа кандидатот за градоначалник на Сопиште, Далибор Богдановски и носителот на листа Сашо Стојановски.  

„Ветувам дека во мојот мандат како градоначалник ќе биде  изградена градинка и ќе има целодневен престој. Од особена важност за сите нас е да се донесе Детален урбанистички план на територија на целата општина. Јас и мојот тим тоа ќе го направиме. Онаму каде што има потреба ќе се градат и спортски игралишта. Ви ветувам – асфалтирање на пристапните улици. Нема да има потреба да молите – општината ќе работи во интерес на сите улици ќе се асфалтираат - без селективност, изјави Богдановски.  

Посочуваат дека промените што се случија на централно ниво, ќе следуваат и на локално.

„Тоа ќе донесе подобар живот за сите граѓани - без исклучок. Доказ за тоа се фактите од работењето на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Само во првите сто дена превземени се конкретни мерки што ги чуствуваат сите граѓани. Мерки кои важат за сите, мерки кои ќе ја исправат неправдата, но и и длабоката поделеност во општеството по различни основи. И бидејќи „Зборот е збор“ - Владата ја покачи минималната плата. Сега изнесува 12.000 денари.  За сите вработени!  И за оние во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, кои досега беа обесправени.

Се враќа дневната евтина струја!  По два часа во денот, сите граѓани ќе имаат дневна евтина струја.  Ветивме и остваривме! Нема да се плаќа радиодифузна такса“, изјави Стојановски.

Од особена важност е дека ќе се направат напори сметката на општината да биде одблокирана, која сега е блокирана заради авантурата на претходата гарнитура, кога со полиција се носеше водовод од Патишка река, а резултатот е само блокирана сметка, а водовод нема.

Слично

Поврзани вести