Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфлацијата пак „главоболка“ за Европа: 7 проценти во април - лош сигнал за каматните стапки на ЕЦБ, утре и ФЕД носи нова одлука

Инфлацијата пак „главоболка“ за Европа: 7 проценти во април - лош сигнал за каматните стапки на ЕЦБ, утре и ФЕД носи нова одлука

Инфлацијата повторно над плановите на Европа. Сега се објавени нови податоци и очигледно тие се нов, лош сигнал за каматните стапки на Европската централна банка, кои ќе бидат објавени во четврток.

Утре ФЕД треба да ги објави каматните стапки, а потоа и ЕЦБ. Инфлацијата е клучниот податок и сега се достапни првите податоци. Аналитичарите предвидуваат дека американската ФЕД во среда ќе ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени.

Според прелиминарните податоци, годишната стапка на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7 отсто, што е зголемување за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, објави Евростат.

И тоа ги загрижува експертите. Американската агенција проценува дека овие прелиминарни резултати ќе ја поттикнат Европската централна банка (ЕЦБ) да ја зголеми референтната каматна стапка за 25 или 50 базични поени во четврток. Економистите на Дојче банк сметаат дека зголемувањето од 25 базични поени е пореална опција.

Евростат објави и дека цените на храната во април пораснале за 13,6 отсто, што е нешто помалку од мартовските 15,5 отсто, додека цената на енергенсите се зголемила за 2,5 отсто.

Слично

Поврзани вести