Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ РАСТЕ“: ЕЦБ објави истражување

„ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ РАСТЕ“: ЕЦБ објави истражување


Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од 3,3 отсто во следните 12 месеци, ова е заклучокот од јануарското истражување на Европската централна банка (ЕЦБ) објавено денеска.

Резултатот покажува дека потрошувачките инфлациски очекувања се зголемени во однос на декември, кога изнесуваа 3,2 отсто.

Граѓаните на еврозоната очекуваат инфлацијата да биде 2,5 отсто во следните три години, што е исто како и во декември, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.

Потрошувачите сметаат дека нивниот номинален приход ќе се зголеми за 1,2 отсто во следните 12 месеци.

Анкетираните граѓани во наредната година очекуваат благ економски пад од 1,1 отсто, како и невработеност од 10,9 отсто.

Истражувањето беше спроведено онлајн на примерок од околу 19.000 возрасни потрошувачи од 11 земји во еврозоната.

Во претходните месеци истражувањето беше спроведено во шест земји од еврозоната, поточно во Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија, а сега по втор пат истражувањето беше спроведено во Ирска, Грција, Австрија, Португалија и Финска.


Слично

Поврзани вести