Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инфективната клиника во Скопје нема повеќе места

Инфективната клиника во Скопје нема повеќе места

Инфективната клиника во Скопје нема повеќе слободни места за пациенти. 

Сите капацитети се исполнети, објави „360 степени“, повикувајќи се на потврда од министерот за здравство, Венко Филипче.

„Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, изјавил министерот. 

На помош е дојден и персонал од  Клиниката за пулмологија и алерголија и од Институтот за белодорбни заболувања и туберкулоза.

Вчера се регистрирани 393 нови заболени од коронавирусот. Од ден  на ден бројките се се полоши. 

Ако вака продолжи ќе се врати карантинот, како што најави Филипче. 

Во неколку болници во внатрешноста деновиве беше соопштено дека нема празни места, туку дека пациентите ќе се носат во Скопје. 

Слично

Поврзани вести