Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДУСТРИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗНААТ И ДА МАМАТ, ЗАГАДУВААТ ВО ВИКЕНДИТЕ И ВО ПЕТОК НАВЕЧЕР - поранешната главна инспекторка за контролите

ИНДУСТРИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗНААТ И ДА МАМАТ, ЗАГАДУВААТ ВО ВИКЕНДИТЕ И ВО ПЕТОК НАВЕЧЕР - поранешната главна инспекторка за контролите

Инспекторите за екологија треба постојано да бидат на терен, бидејќи индустриските капацитети знаат да мамат. И тоа знаат да мамат во текот на викенди и во текот на вечерите. Значи, за нас е многу важно да ги ставиме во функција сите инспекциски ресурси кои не се големи, и тие да одат координирано во контроли. 

Ова го кажа во емисијата Само Вистина на Канал 5 кандидатката за градоначалничка за Скопје Ана Петровска, која донеодамна беше директорка на Државниот инспекторат за животна средина. 

„Тоа сме го правеле. Сите индустриски зони да бидат покриени со дежурства, бидејќи знаеме дека во петок навечер се случуваат одредени работи“, рече Петровска. 

Врз капацитетите, вели таа, влијаат постојаниот притисок и присуство, особено кога таму се оди со акредитирани лаборатории.

„Ние успеавме и со тие лаборатории и некои капацитети да затвориме“, рече Петровска.

Слично

Поврзани вести