Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустриската зона кај Радовиш почна да се гради

Индустриската зона кај Радовиш почна да се гради
На површина од речиси 10 хектари, во близина на двете граници со Бугарија и Грција и поврзана со регионалниот пат Струмица-Радовиш започна да се гради новата радовишка индустриска зона. Ќе чини 11 милиони евра. Ќе располага со пет парцели - четири за производни капацитети и една за изградба на административна зграда, а во иднина постојат можности за нејзино проширување. Технолошко-индустриските развојни зони и активностите на Владата за привлекување странски инвеститори даваат резултати, уверен е премиерот Никола Груевски, кој го постави камен-темелникот на зоната. За три години во економските зони во земјава се вработени повеќе од 3.500 луѓе. Или, ако во 2012 година во зоните имало 1.270 вработени, минатата година е завршена со 2.500 вработени, а оваа година само во компаниите позиционирани во зоните ќе работат над 3.500 луѓе. „Од вкупно основаните 13 зони во државата во моментот Скопје 1, Скопје 2 и Штип се инфраструктурно и оперативно подготвени како локации и таму се стремиме да ги задоволиме барањата на инвеститорите. Во овие зони се сместени преработувачките капацитети на ’Џонсон мети‘, ’Џонсон контролс‘, ’Кемекс електорник‘, ’Технохозе‘..., а до крајот на летото и почетокот на есента ќе се започне со изградба на капацитетите како ’Диатек енергија‘, ’Техникал текстил‘ и ’Монтанте‘“, вели првиот човек на ТИРЗ Виктор Мизо. Продолжуваат и работите на зоните во Прилеп, Струмица, Гевгелија, Кичево и Струга во кои наскоро треба да се сместат најавените преработувачки капацитети.  
Слично

Поврзани вести