Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индустриски бум во Петровец?

Индустриски бум во Петровец?

Се најавува изградба на нови погони во индустриската зона Петровец кај Скопје. Според планот за почеток ќе се прави погон за производство на стиропор и на елементи од ПВЦ, логистики центар за процесирање производи, но и центар за чување благородни материјали и складиште.

„Ова е уште еден начин со кој се потврдуваат позитивните политики кои се спроведуваат со цел привлекување нови инвестиции“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој потсети дека процедурите за добивање одобрение за градење се олеснети и од почетокот на месецов се издаваат електронски.

Според најавите  во оваа зона наскоро ќе бидат издадени дозволи и за други објекти во индустрискиот комплекс каде треба да се сместат погони за лесна и незагадувачка индустрија, бензински пумпи, како и други деловно комерцијални објекти.

Слично

Поврзани вести