Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНДИСКИОТ СОЈ ДЕТЕКТИРАН И ВО МАКЕДОНИЈА: Пациентот се вратил од Ирак, итно е хоспитализиран во приватна болница

ИНДИСКИОТ СОЈ ДЕТЕКТИРАН И ВО МАКЕДОНИЈА: Пациентот се вратил од Ирак, итно е хоспитализиран во приватна болница

Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик, информира Министерството за здравство.

Истовремено посочуваат дека епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава.

-На Клиниката за инфективни болести  за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани, се наведува во нивното соопштение.

Инаку, министерот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на владиниот Кризен штаб предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15. јуни, на територија на цела држава.

Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.


Слично

Поврзани вести