Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индексот МБИ 10 на ниво од 1.675 индексни поени, најниско во последните три години!

Индексот МБИ 10 на ниво од 1.675 индексни поени, најниско во последните три години!
Главниот индекс на Македонската берза за хартии од вредност, МБИ 10, падна на најниското ниво во последните три години. Вредноста на индексот, што е составен од десетте најтргувани акции на Македонската берза, денеска, по затворањето на тргувањето во 13 часот, изнесува 1.675 индексни поени и е некаде на нивото од март 2009 година, кога глобалната финансиска криза кулминираше, а сите светски берзи го достигнаа дното. Лани, на 25 јули МБИ 10 имаше вредност 1.830 индексни поени, а највисока вредност во изминатата година достигна на 28 јануари, кога изнесуваше 1.955 поени. Оттогаш наваму, МБИ 10 е во постојан пад, со благи осцилации нагоре, но трендот на движење на овој показател за тргувањето на Берзата во Скопје е надолен.  
Слично

Поврзани вести