ИНЦИДЕНТОТ НА КАНАЛ 5 НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЈА БРАНУВА ЈАВНОСТА: Се редат реакции, едни го поддржуваат Рамадани, други Мирчевски
Лавина реакции следат по инцидентот кој завчеравечер се случи во емисијата Само вистина, на Канал 5 телевизија.
Со реакции се јавија бројни јавни личности, делови од поранешната шарена револуција, професори...
Еве дел од реакциите.
Професорката Мирјана Најчевска со втора реакција на фејсбук реагираше на инцидентот.
„Исмет Рамадани го искара и го етикетираше како националист новинарот затоа што му поставуваше прашања поврзани со криминалот на високи функционери во власта.
Значи ако некој ја ограничува слободата на говорот тоа е Исмет Рамадани.
А границата на секое право е правото на другиот.
Во случајот на една страна е владин функционер а на друга е новинар.
Пресудите на ЕКЧП имаат многу рестриктивен однос кон слободата на функционерите да критикуваат наспроти онаа на граѓаните и посебно на медиумите.
Не се летајте.
Во случајов Исмет Рамадани е тој кој ги нарушува правата.“ напиша Најчевска.
Се огласи и Замир Мехмети, порано беше дел од Шарена револуција и радиодифузер, брат на Ермира Мехмети која долги години беше дел од ДУИ.
„ Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5 - Иван Мирчевски.
Сакаше да се сокрие под едно штуро десет секундно делче пред почетокот каде се велеш дека ставовите во емисијат ме се ставови на телевизијата.
Цела држава СДС им ја даде во нивни раце и уште не можат да ги одболуваат детските болести и комплекси.
И што да се каже за Албанците кои секогаш, ама секогаш гласаат против македонските интереси. Без разлика од која партија се. Тоа е “соживот“?
Сега како го исфрлиле од студиото, треба да биде итно исфрлен од функцијата. И плус да одговара за “поттикнување на национална омраза“., напиша таа.
