Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТИ: Во три македонски града се нападнати полицајци

ИНЦИДЕНТИ: Во три македонски града се нападнати полицајци

Во три града се регистрирани напади на полицајци. 

Инциденти имало во Кочани, Македонски Брод и Скопје. 

На 6 октомври околу 23.00 часот во Кочани, полицајци го лишиле од слобода А.С.(23) од Кочани, затоа што физички ги нападнал додека вршеле службени дејствија. 

Завчера, во 23.45 часот во Македонски Брод, полицајци од станицата во Македонски Брод го уапсиле В.С.(21) од Македонски Брод, затоа што физички нападнал полицајци. 

Вчера во 16.40 часот на подрачје на Полициската станица Центар во Скопје, полициски службеници го уапсиле И.С.(34) од Скопје. 

Деновиве имаше случај во Скопје, каде момче фати за врат полицаец, а друг од групата снимаше. 

Слично

Поврзани вести