Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО: Го земал телото на почината мајка од ковид-болницата и си заминал

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО: Го земал телото на почината мајка од ковид-болницата и си заминал

Син го земал телото на почината мајка од ковид-болницата во Тетово, a случајот e пријавен во полиција. 

Настанот се случил на неколку минути пред полноќ.

„Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „Форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од Ковид -19 и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.

Починатата жена била на возраст од  72 години.

Слично

Поврзани вести