Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инцидент во Собранието меѓу две пратенички

Инцидент во Собранието меѓу две пратенички

Инцидент имаше денеска на седница во Собранието. 

„Никогаш повеќе името да не ми го споменуваш“, викаше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и удираше на масата пред колешката Нола Исмајлоска-Старова. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја смируваа нивната колешка, тргајќи ја настрана. 

Со 80 гласа „За“ денеска во Собранието беше изгласан Законот за одбрана. За Законот не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не беа ниту во салата.

По завршување на гласањето, во салата влегоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Исмајловска-Старова пред гласањето од говорницата кажа дека лицемерно е што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за Законот за одбрана, кога 7 пратеници меѓу кои и Жаклина Пешевска гласале за промена на името на Армијата во Армија на Република Северна Македонија, кога ги поддржале измените на  Законот за служба во Армијата.

Слично

Поврзани вести