Инцидент во Собрание: Повредени неколку пратеници, меѓу нив и Заев
Според неофицијални информации четворица пратеници и лидерот на СДСМ Заев се повредени.
Hang the traitors of #macedonia pic.twitter.com/kP6ihoFhgF
— PhD Sergio ⚙ (@JovanovicSrdjan) April 27, 2017
Засега нема официјална потврда за оваа информација.
Во моментов во Собранието владее тотален хаос. Не се знае кој каде се движи,а обезбедувањето на дел од граѓаните не им дозволува да влезат, со други пак се однесуваат целосно пријателски, а неколкумина се со маски на лицата и нив никој не ги легитимира.
Очевидци велат дека Заев имал раскрварена глава, а повреден бил и Максим Димитријевски.
Советникот во општина Центар Дамјан Манчевски беше забележан од неколку камери со раскрварен нос, а повреден бил и Зијадин Села кој според одредени медиуми бил најмногу повреди.
Граѓаните го обиколија Собранието а и упаднаа внатре во него.
