ИНЦИДЕНТ НА МАРШОТ НА АНГЕЛИТЕ ВО КОЧАНИ - родителите го пресретнаа поранешниот градоначалник кој е меѓу обвинетите
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Маршот за ангелите родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.
Инфомакс пренесува дека денеска за време на Маршто на ангелите се случил и инцидент. Родителите кои ги загубија своите најмили во пожарот во дискотеката Пулс го забележале еден обвинетите за пожарот во Пулс, поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, во кафеана, во друштво на актуелен кандидат за градоначалник на Кочани од една партија влегле во кафаната и се конфронтирале со нив.
Еден од родителите го запраша кандидатот дали учи школа од екс-градоначалникот како да биде криминалец. Друг родител му посочи на Димитровски дека е директно одговорен за смртта на неговото дете.
Трет родител пак посочи дека ако во оваа држава нема правда за неговото дете тој лично ќе им пресуди на сите одговорни за трагедијата.
Полицијата мораше да интервенира и да ги евакуира присутните.
Еве дел од атмосферата која ја пренесе Инфомакс.
