ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари
Маж денеска го нападна Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризари.
Како што соопшти полицијата околу 15.30 часот во просториите на Општина Шуто Оризари, З.И. (47) агресивно се однесувал и го нападнал К.Д.(49) од Скопје, градоначалник на општината.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Пред неколку години Дудуш нападна иселеник, а потоа призна дека жали за стореното.
Слично
