Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНЦИДЕНТ: Кондовци истепале полицајци, едниот со автомобил удрил во полициски службеник

ИНЦИДЕНТ: Кондовци истепале полицајци, едниот со автомобил удрил во полициски службеник

Нов напад на полицајци имало во главниот град. 

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, а нападнати се и полицајците што го пронашле. 

На скопската улица Ѓорче Петров, синоќа автомобил „ауди“, кој го возел А. А. (26) од село Кондово, не застанал на даден знак и удрил во полицаец. 

По преземените мерки од полицијата, А. А. е пронајден.

Потоа повеќе лица физички ги нападнале полициските службеници. 

Од МВР преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Последниве месеци имаше повеќе напади на полицајци, во Скопје, но и во Битола, Македонски Брод и други места. 

При еден од нападите во Скопје, неколку момчиња ги снимаа полицајците. 

Слично

Поврзани вести