Економија, финансии, бизнис

Контакт

IN MEMORIAM: ЗАМИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ - По кратко боледување почина Дарко Димовски

IN MEMORIAM: ЗАМИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ - По кратко боледување почина Дарко Димовски

По кратко боледување на 45 години почина Претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија, Дарко Димовски. 
Од ССМ информираат дека по кратко боледување Претседателот на ССМ Димовски починал.

- Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.

Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство.

Погребот ќе биде на 12 јуни 2023 година, во 13 часот, а пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочуство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел - соопштуваат од ССМ.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести