Ин мемориам галерија од амбасадори се шири на социјалните мрежи
Галерија со фотографии во комеморативни рамки со црни ленти и погребни свеќи од повеќе амбасадори и посредувачи утрово се шири по социјалните мрежи.
Во рамки се ставени ликовите на амбасадорот на САД, Џес Бејли, на германската амбасадоркаКристине Д. Алтхаузер, на амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет, потоа тука е и претставничката на Франција, Лоренс Оер, но и довчерашниот евроамбасадор Аиво Орав. Исто така, со посмртни фотографии се вклучени и поранешниот медијатор во работните групи за договорот од Пржино, Питер Ван Хојте, како и европратеникот Ричард Ховит.
Не се знае кој е креаторот на овие некролози, а од коментарите ова претставува повик на линч на амбасадорите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски деновиве на протестот пред ДИК прочита проглас, преку кој обвини дека некои амбасадори премногу се мешале во внатрешната политика. Тој упати остри критики до нив.
