Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имунитетот стекнат од инфекција е многу посилен од оној на вакцинираните, вели Пановски

Имунитетот стекнат од инфекција е многу посилен од оној на вакцинираните, вели Пановски

Дел од  лекарите не се согласуваат со изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, дека вакцините создаваат поголема заштита од прележувањето на коронавирусот.

Имунитетот стекнат од инфекција со Ковид-19 е многу посилен од оној на вакцинираните лица, изјави микробиологот Никола Пановски за ТВ21. Вели дека првите 6 месеци по прележувањето не треба да се вакцинирате. Објасни дека праксата покажува дека вакциналниот имунитет е силен во првите 2,3 месеци, а потоа брзо паѓа. 

Тој од Министерството за здравство ги побарал податоците за лицата кои се заразени по втор пат со коронавирусот, но вели дека не му ги доставиле, поради тоа што, како што вели, бројот е екстремно мал. Тој не верува дека има повеќе од 200 лица кои се заразиле по втор пат. 

„Не знам зошто министерот Филипче е упорен, зошто не не почитува нас најстарите професори, признаени овде и во светот, туку се повикува на некои анонимни експерти, кои што ние не ги знаеме. Нека најде еден доктор или професор кој ќе го каже спротивното од мене“, рече Пановски.

Нови мерки за заштита од коронавирусот засега нема. 

Слично

Поврзани вести