Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имунитетот на Вељаноски виси: Што може да го спаси екс спикерот од притвор?

Имунитетот на Вељаноски виси: Што може да го спаси екс спикерот од притвор?

Точно напладне ќе продолжи седницата на  собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Токму таму пратениците ќе расправаат за имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.

Основниот суд денеска бара Собранието да му се одземе пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер по распит во Јавното обвинителство. 

Единствено само Вељаноски беше привремено ослободен како осомничен за упадот во Собранието на 27 април, додека поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски добија 30-дневен притвор поради можност за бегство и влијание на сведоци откако беше обелоденето дека преку еден центар го координирале „крвавиот четврток“.

Вељаноски е единствениот кој можеше да се повика на пратенички имунитет и тој засега му е спас од притвор, но истиот може и да му биде одземен со апсолутно мнозинство на гласови од страна на пратениците со што би завршил во притвор.

Вељановски, пред парламентарната комисија вчера кажа дека обвинувањата за тероризам против него се неосновани и дека никогаш не ги нарушил правилата на законодавниот дом. 

-Јас бев 10 години претседател на Собранието, ниту на памет не ми падна да работам против регулатива. Бев претседател во три мандати и јас би сакал да заминам на вообичаениот начин, а не на овој начин-кажа меѓудругото Вељаноски .

Слично

Поврзани вести