Ибраимоски против Амди Бајрам - Додека збореше глупости на митинг мртов Ром лежеше на пат
Самка Ибраимоски жестоко го искритикува својот политички опонент Амди Бајрам за несреќата во која член на партијата бил прегазен на Стража патувајќи со поголема група на митингот на владејачката коалиција во Охрид. Според Ибраимоски не е човечки за некој да држи лоши говори, а да не изрази сочуство и жалење за својот сопартиец.
- Наместо Бајрам да излезе на бината и да каже дека се случи несреќа и да побара едно минутно молчење и да каже дека не е во можност да зорува тој излезе на бината и ги забавуваше своите коалициски партнери со глупости, а телото на трагично загинатиот Ром лежеше на асфалтот. Од ова можете да видите за каква личност се работи - рече Ибраимовски на митингот на опозицијата во Кочани кој се одржа вчера.
