ИМОТ НА ХАЛКИДИКИ: ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Заев има вила во Грција
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговор од премиерот Зоран Заев дали поседува луксузна вила на Халкидики.
Повикувајќи се на објави во странски медиуми, тие тврдат дека блиски луѓе на Заев се сопственици на луксузна вила на Халкидики во Грција.
Но, прес службата на владата информацијата ја прогласи за лажна вест затоа што премиерот нема имот во Грција.
„Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, дека премиерот Заев не поседува куќа во Грција, велат од Владата. Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни. Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност“, одговорија од Владата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали премиерот летувал во луксузната вила, минатото лето.
