ИМОТ КОНФИСКУВАН ОД МИЈАЛКОВ ВРЕДЕН 15 МИЛИОНИ ЕВРА ОДИ НА „БАРАБАН“ - еве што е одземено од екс шефот на Тајната полиција
Имотот кој му беше конфискуван на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во предметот „Империја“ за кратко ќе биде објавен на јавно електронско наддавање, најавува новиот директор на Агенцијата за управување со одеземен имот Дритон Небиу, во изјава за Канал 5 телевизија.
Во однос на овој случај тој вели дека наплатени се парични средства во износ од 6 милиони и 100 илјади евра во корист на државниот буџет, потоа одземени биле 7.108 акции од фирмата „Ексико“, во износ од 352.000 евра и дека за истите веќе е објавен јавен оглас, а се чека на дозвола од Владата за да се закаже јавното наддавање за конфискуваниот недвижен имот на Мијалков вреден 15 милиони евра.
„Ние продолжуваме понатаму со недвижностите кои ги му се одземени на Сашо Мијалков, одземено е земјшите за градежен објект во 14 милиони евра. Од овие недвижности веќе некој дел успеавме да ја завршиме фазата на проценка, затоа што за секој недвижен имот или движен треба да направиме проценка, досега се обезбедени за КО Радња, КО Охрид, КО Богородица. Во Охрид се станови, во Богоридица е земјиште градежно, и во Радња исто така е земјиште. За овие три е направена проценка, јас предложив како диркетор да ги ставиме на јавен повик на јавно наддавање, сега чекаме на Владата да ни даде согласност за да имаме право да ги пуштиме на јавен повик“, изјави Небиу.
