„ИМИЊАТА СЕ ГОРЕ-ДОЛУ ОНИЕ КОИ ЦИРКУЛИРААТ ВО ЈАВНОСТА“: Мицкоски во понеделник ќе ги предложи новите министри
Министерските позиции оваа недела ќе бидат пополнети и ќе се знае кои имиња ќе бидат дел од владата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
„Оние ресори, портфолија кои беа досега во Владата, партиите кои ја сочинуваат коалицијата Вреди ќе ги задржат, нема да има дополнителни сектори, а околу имињата, очекувам во понеделник да ги доставам во Собранието, но тоа се оние имиња кои горе-долу циркулираат во јавноста“, рече Мицкоски.
Премиерот кажа дека нема да има две имиња, односно како што се зборуваше - прв вицепремиер да биде Беким Сали, кој беше министер за здравство во владата предводена од СДСМ, а министер за животна средина Мухамед Хоџа, кој беше портпарол на претходната влада.
„Не знам дали ме слушате, нема да има нови ресори. Нема да има нови имиња. Еден човек ќе биде прв вицепремиер и министер за нешто“, рече Мицкоски.
