Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имињата на градовите нема да се менуваат

Имињата на градовите нема да се менуваат

Имињата на македонските градови како Македонска Каменица и Македонски Брод нема да се менуваат, потврди Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата, по вчерашната одлука за преименување на над 100-тина јавни интитуции. 

Засега не е дефинирано дали ќе има интервенција во името на Македонската академија на науките и уметностите со која во тек се консултации.

– Вчера донесовме одлука дека Централниот регистар ќе ги направи овие промени и ќе ги впише новите имиња, а Службата за општи и заеднички работи ќе им достави нови табли на институциите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Објаснувањето на Бошњаковски не беше концизно зошти и на државните институции со префикс „македонски“ истиот им се промени во „национален“, а Македонскиот народен театар остана со непроменет назив.


Слично

Поврзани вести