Имер Селмани: Не фаќам политичка страна, го поддржав Пендаровски зошто и јас бев консензуален кандидат
Имер Селмани пред камерите на ТВ21 му одговори на Блерим Река дека го поддржал Стево Пендаровски на изборната конвенција во салата „Борис Трајковски“ затоа што, како што вели, и самиот тој бил консензуален кандидат за претседател на изборите во 2009.
Река, претседателскиот кандидат поддржан од Беса и Алијанса за Албанците, испрати писмо до Тирана за разрешување на Селмани од позицијата почесен конзул заради учество во кампањата на Пендаровски и завземање политичка страна.
- Јас се уште не сум почесен конзул на Албанија. Процедурата е во почетна фаза и треба да видиме за тоа. Инаку јас Пендаровски го поддржувам не заради партиите, туку поради тоа што и јас самиот како него бев консензуален кандидат за шеф на државата - рече Селмани за ТВ21.
Бизнисменот треба да биде прогласен за почесен конзул на Албанија со седиште во Битола.
