Економија, финансии, бизнис

Контакт

Именувањето на новите функционери одглавено, разрешен Фадил Зендели

Именувањето на новите функционери одглавено, разрешен Фадил Зендели

Собранието со 61 глас го разреши пратеникот Фадил Зендели од Движењето „Беса“, која во меѓувреме премина во опозиција, од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Со ова се отвора патот да се одблокира клучната собраниска комисија преку која се именуваат функционери, а пред се од истата се очекува да предложи четири нови уставни судии.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Никола Мицевски чинот го оцени како „демонстрација на сила и надмоќ“.

Според власта, опозицијата три дена му се додворувала на пратеникот Зендели, кој своеволно преминал во опозиција, а беше дел од Коалицијата „Можеме“.  

Согласно Деловникот на Собранието, како што се наведуваше во предлогот за разрешување, врз основа на бројот на пратеници, во оваа комисија на Движењето Беса не му следува член во Комисијата.

Опозицијата во меѓувреме поднесе 400 амандмани во архивата.

Слично

Поврзани вести