Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имавме минимален број на гости, вели Саша Богдановиќ

Имавме минимален број на гости, вели Саша Богдановиќ

Откако беше прозван, првиот човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ објасни дека на свадбената веселба имал мал број на гости, и дека држеле растојание. 

Тој вели дека пандемијата можеби ќе трае со години, а тоа не значи дека не треба да се се венчаат. 

„Имавме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме“, рече Богдановиќ за Сител телевизија.

Тој се венчаше во Грачаница на Косово. 

Министерот за здравство, Венко Филипче искоментира дека политичарите треба да бидат пример. 

Филипче по состанокот со членови на Комисијата за заразни болести во Владата информираше дека на утрешната седница ќе бидат предложени веќе најавените рестриктивни мерки: сите економски оператори да работат до 23 часот, автобусите да возат со 50 отсто од капацитетот, а в работените во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, да работат во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации.

За 24 часа имаме 12 починати од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести