Имате уште една година: Новите регистарски таблички ќе чинат до 1.500 денари
Замената на регистарските таблички на возилата со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1.400 до 1.500 денари, а останува рок уште точно една година, односно тоа треба да се направи до 12 февруари 2024, согласно Преспанскиот договор, објави МИА.
Замената на табличките со старата назнака МК граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари.
Според Законот за возила, доколку немате пропишана регистерска табличка, предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.
- Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.
Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија. Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50.
