Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМАМЕ НОВ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО: Пратениците го изгласаа Азир Алиу

ИМАМЕ НОВ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО: Пратениците го изгласаа Азир Алиу

Азир Алиу е новиот министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Нив пратениците ги избраа на денешната 54. седница со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан.

Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој и редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024, во владата на СДСМ и ДУИ.

На 12 мај, лидерот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари соопшти дека партијата оди во опозиција, а тој ја обавуваше функцијата министер за здравство. По заминувањето на Алијансата за Албанците на Таравари од Коалицијата „Вреди“, сопартијците на Таравари, како што се Арбен Фетаи и Азир Алиу, останаа дел од Коалицијата „Вреди“.

Слично

Поврзани вести