„ИМАМ ПОРШЕ 911-КА КОЕ ГО ВОЗАМ ВО НЕДЕЛА, А НЕ ЖАЛАМ ПАРИ НА ИНВЕСТИЦИИ“ - еве што му е најголем ќејф на Селмани
Што е најголем ќејф на Имер Селмани, го прашува водителот Мишко Иванов познатиот бизнисмен, во подкастот „Бизнис муаебети“, кој утре ќе се емитува на порталот Фактор.
„На што не жалиш пари, еве некои велат уживаат да фрлаат пари на музика, на пример“, го дополнува прашањето.
На ова Селмани одговара дека не жали пари во нови инвестиции, а инаку, нема нешто посебно, но признава дека обожава да вози убави автомобили. Открива дека има Порше, кое како што вели, го вози два до три пати во годината.
„Јас не жалам пари во нови инвестиции“, одговара поранешниот политичар, но новинарот инсистира да му открие што е она што приватно му прави најголемо задоволство, дали гардероба или можеби убави патики.
„Не. Сакам да си возам убави коли, меѓутоа многу по кафеани не одам, многу алкохол не пијам, а на одмор одам десетина дена или две недели, но не таму премногу да се расфрлам“, вели Селмани.
„Имам еден два автомобили, еден чисто за мерак, за душа. Имам едно порше 911-ка, коешто, дали два до три пати го возам во годината, во недела“, вели во подкастот Селмани.
Целиот подкаст на „Бизнис муабети“ со Селмани ќе можете да го погледнете утре.
